Search

Анџелина сè послаба, има само 45 килограми

Поранешнaта брачна двојка Анџелина Џоли (44) и Бред Пит (56) со години се борат за старателство над децата, што влијаеше врз нивното здравје, особено она на актерката.

Иако Џоли со години е прогласувана за најзгодна жена во светот, од ден на ден холивудската ѕвезда станува сè послаба.

„Анџелина одвај има 45 килограми. Ова се должи на кавгата околу старателството над децата. Таа има проблем со апетитот поради стрес, поради што губи тежина“, изјавил близок пријател на актерката за „Мирор“. Наводно Енџи живее само од овошје, малку протеини и големи количини кафе за да ја одржи својата енергија.

Актерката, според британските медиуми, сака да го напушти Холивуд со своите деца, но Бред тоа не го дозволува. Актерката, наводно, се обидела да се пресели со своите деца во Европа, но Бред ја спречил затоа што тогаш не би можел да поминува доволно време со нив.

Треба да знаете
Последни објави