Search

Анхел Ди Марија казнет со четири натпревари неиграње поради плукање

Аргентинскиот играч за врска на Пари Сен Жермен, Анхел ди Марија е казнет со четири натпревари неиграње поради однесувањето за време на скандалозното дерби со Марсеј во третото коло од француската фудбалска Лига 1.

Казната беше изречена за плукање кон дефанзивецот на Марсеј, Алваро Гонзалес.

Ова се случи за време на скандалот меѓу играчите на двата тима, а се почна по кавгата помеѓу Гонзалес и Нејмар.

Бразилецот го обвини противникот за расизам, бидејќи наводно бил наречен „валкан мајмун”.

Самиот Гонзалес негираше дека ги изговорил тие зборови.

Треба да знаете
Последни објави