Search

Антикорупциска: Димитров не влијаел за стипендијата на својата ќерка

Државната комисија за спречување корупција го затвори случајот „стипендијата на ќерката на министерот за надворешни работи, Никола Димитров“ за кој била поднесена анонимна пријава за наводен конфликт на интереси врз основа на колумна, соопштија од Антикорупциска.

– За да се добие оваа стипендија има точно утврдени услови и бодови кои важат за сите кандидати, а прв услов за да се добие стипендијата е студентот да успеал да се запише на еден од врвните факултети кои се на Шангајската листа, а не зависи од тоа кој е министер, изјавиле од Антикорупциската комисија.

Како што објави Нова ТВ кога конкурирала ќерката на министерот Димитров, биле примени вкупно 6 кандидати кои ги исполнувале условите. Другите кандидати не биле одбиени, туку им било оставено време, дополнително да ги достават потребните документи.

Стипендијата во износ од 40.000 долари на ќерката на министерот Никола Димитров, за додипломски студии во Холандија, била доделена со потпис од Маринела Маричиќ Тушева, сопруга на Бојан Маричиќ, советник на премиерот Зоран Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави