Search

Анистон, Јохансон, Лопез и Терон најдобро облечени на SAG Awards

Годинешната 26-та по ред церемонија на доделување филмски награди SAG (Screen Actors Guild) ги собра најголемите ѕвезди на Холивуд за да ги прослават најдобрите филмови и ТВ-емисии на годината.

А Џенифер Анистон се погрижи сите погледи да бидат вперни во неа додека чекореше по црвениот тепих во бел, свилен тесно прилепен фустан на настанот што се одржа во Шрајн аудиториум, Лос Анџелес, во неделата попладне.

Светските таблоиди пишуваат дека Анистон заедно со Скарлет Јохансон, Џенифер Лопез и Шарлиз Терон беа најдобро облечени ѕвезди на свеченото доделување филмски награди.

Анистон жешко бела во винтиџ фустан, креација на Џон Галиајно за Диор (Dior by John Galliano) со асимтерично деколте.

 

 

Треба да знаете
Последни објави