Search

Аморим го менува Покетино во ПСЖ

Актуелниот тренер на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, би требало на крајот на сезоната да го замени Маурисио Покетино на клупата на ПСЖ, пренесуваат денеска француските медиуми.

Париски ПСЖ и оваа сезона остана без трофеј во Лигата на шампиони, а клупското раководство одлучи да бара замена за Покетино, кој не ги исполни очекувањата на богатите сопственици на францускиот првак.

Весникот „Ле Паризиен” наведе дека новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос, сака по секоја цена да го ангажира Аморим (37), кој во 2021 година ја освои португалската титула со Спортинг, а сезонава беше второпласиран зад Порто.

Најголем проблем за трансфер на Аморим во ПСЖ е неговиот договор со клубот од Лисабон, кој е со важност до јуни 2024 година, а обесштетувањето изнесува 30 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави