Search

Американската војска беше закана, но сега е можност за нас, вели ирански офицер

Висок офицер на Иранската револуционерна гарда изјави дека американските регионални бази и нивниот носач на авиони во Персискиот Залив се движат во рамки на дострелот на иранските ракети со прецизно наведување.

„Американските сили во регионот беа закана, но сега тие се можност за Иран… Тие не зборуваат за војна со Иран бидејќи знаат колку се ранливи“, порача командантот на воздухопловните сили на гардата, Амир Али Хаџизадех на државната телевизија, а пренесе „Ројтерс“.

Претходно денеска американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека вo последен момент го откажал планираниот воен напад врз Иран, бидејќи проценил оти човечки жртви би биле непропорционален одговор на соборувањето на американскот дрон од страна на Техеран. Сепак, Трамп посочи дека неговата администрација вовела дополнителни санкции за Иран.

Трамп на „Твитер“ напиша дека го запрел нападот десет минути пред да се спроведе.

Треба да знаете
Последни објави