Search

Алонсо на 24 место на последниот ден од тренинзите на Инди 500

Фернандо Алонсо го заврши последниот ден од тренинзите на Инди 500 на 24 место. Двократниот Ф1 шампион разви брзина од 229.328 милји на час (369.07 км / ч) и комплетираше 77 чисти обиколки за време на сесијата. Со најголема брзина на прво место заврши Конор Дејли од Андрети Аутоспорт – 231.704 милји на час (372.89 км / ч).

Шпанецот и Мекларен ги започнаа на најтешкиот можен начин подготовките за овогодинешното 103-то издание на легендарното натпреварување. Првиот тренинг ден заврши порано поради проблем со електрониката на возилото, вториот исто така заврши порано поради несреќа на Алонсо, која нанесе многу штета на машината, а во третиот ден пилотот воопшто не влезе во автомобилот, бидејќи тој се уште не беше подготвен.

Па така за четири дена, Алонсо забележа само 173 круга, додека повеќето пилоти надминаа 400 круга. Исто така, во вкупниот пласман за квалификацијата, Алонсо го зазема 30 место.

Како позитивен факт сепак шефот на Мекларен за Инди 500, Жил де Феран посочи дека поради недостатокот на километражата на Индијанаполис во тренинзите, тимот има зачувано многу „софт” гуми, со кои ќе атакува во квалификациите.

Треба да знаете
Последни објави