Search

Алаба на мета на Каталонците

Барселона сака да го има Давид Алаба од Баерн Минхен во својата линија на одбрана, пишува каталонскиот весник „Мундо депортиво”.

Шампионите на Шпанија сакаат австрискиот репрезентативец да обезбеди конкуренција за Жорди Алба, но по се изгледа и Алаба е согласен за трансферот.

Германските шампиони потпишаа договор со Лукас Хернандес за 80 милиони евра за трансфер од Атлетико, така што Алаба веќе нема сигурно место во првата постава.

Инаку, Алаба минатата сезона настапи 31 пат во Бундес лигата, а постигна три гола.

Треба да знаете
Последни објави