Search

Акција за собирање на кабаст отпад во Општина Аеродром

Од денеска до 24 април Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена” ќе реализираат акција за собирање кабаст отпад на повеќе локации низ општината.

Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да го остават кабастиот отпад пред своите домови доколку живеат во куќа, или до најблискиот контејнер, по што екипите ќе го соберат отпадот.

Треба да знаете
Последни објави