Search

Акциската група тргнува во борба против лажните вести

И Македонија се приклучува кон глобалната акција во борбата против ширењето дезинформации и напад врз демократијата. За денеска е закажан првиот конститутивен состанок на Акциската група што ќе ги координира државните институциите во борбата против лажните вести. Битката со лажните вести е еден од најголемите предизвици на денешнината. Проблемот од ден на ден зафаќа се поголем простор во медиумската сфера. Во битката се вклучува и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) кој отвора конкурс за авторски текст или направена анализа на тема „Новинарски акредитации или лиценци за борба против лажните вести?

Кон крајот на јули Владата објави предлог план за борба против дезинформации и напади на демократијата. Акциската група која ќе стартува денеска ќе ги координира државните институциите во борбата против дезинформации и напади на демократијата. Состанокот ќе го раководи министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, а ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери и шефот на државата Стево Пендаровски.

Оваа Акциска група е посветена исклучиво на координација на активностите на државните институции, а во октомври ќе следат и кординативни средби и со новинарски, граѓански и организации кои се занимаваат со проверка на факти, најавува Марјан Забрчанец, советник за односи со јавност на премиерот и член на Акциската група.

 

Треба да знаете
Последни објави