Search

Актерот ќе стане татко по шести пат: По три спонтани абортуси, Кимберли повторно е бремена

Актерот Џејмс ван дер Бик објави дека неговото семејство ќе стане побогато за уште еден нов член.

Тој е татко на пет деца, а на „Инстаграм“ ја објави веста дека неговата сопруга повторно е бремена.

Тој открил дека неговата сопруга Кимберли имала три спонтани абортуси.

„Абротусот е нето за што луѓето многгу ретко разговараат и често поминуваат во тајност. Но тоа не смее да се гледа како нешто срамно“, истакнал тој и додал дека во таква ситуација важно да си дадете простор и време за тагување.

Ван дер Бик и Кимберли се во брак од 2010 година, а денеска се родители на четири ќерки Гвендолин. Оливија, Емили, Анабел Ли, и на синот Џошуа.

Треба да знаете
Последни објави