Search

Ако мигрантите одбиваат да се преселат во нов камп Грција ќе употреби сила

Грчкиот министер за миграција Нотис Митарачи вели дека владата ќе употреби сила, доколку е потребно, за да ги пресели мигрантите во новиот камп на Лезбос, што тие го одбиваат.

Минатата недела избувна пожар во кампот Морија на Лезбос, во кој беа сместени 12.000 мигранти.

Многу мигранти сега одбиваат да ги напуштат блиските патишта, каде што престојуваат една недела, пишува „Ројтерс“.

Митарачи рече дека ќе продолжат напорите за преместување на мигрантите на доброволна основа, со помош на владини преведувачи и памфлети што им се делат на барателите на азил.

„Ако ова не може да се постигне преку разговор, тогаш ќе треба да се користи полицијата. Нивна обврска е да се преселат на ново место“, рече тој за грчката телевизија „Мега“.

Сепак, илјадници мигранти одбиваат да се преселат во новиот објект што е наменет за нив, барајќи да им биде дозволено да го напуштат грчкиот остров.

Досега се сместени околу 1.000 мигранти во привремениот камп Кара Тепе со 5.000 легла.

На мигрантите им беше дадена храна и вода, како и тестови за корона со кои е потврдено присуство на коронавирусот кај најмалку 25 лица.

Треба да знаете
Последни објави