Search

Академија Пандев го ангажираше првото засилување

Марко Рајковиќ е првото засилување за „Академија Пандев” пред почетокот на новата сезона, објави на својата фан- страница струмичкиот прволигаш и актуелен освојувал на купот.

Рајковиќ е напаѓач и минатата сезона настапуваше за Силекс од Кратово.

Покрај првото засилување, од раководството на Академија Пандев најавуваат дека треба да им пристапи и бранителот Марио Маслаќ, кој лани настапуваше за Беласица, а за в четврток е најавено и доаѓањето на Шпанецот со македонско потекло, Давор Зафиров, кој настапуваше за Тенерифе и исто така игра во одбраната.

Треба да знаете
Последни објави