Search

Адеми со гол и асистенција го водеше Динамо до убедлив триумф над Ференцварош

Maкедонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми беше најдобар поедниец на натпреварот во Будимпешта каде неговиот тим славеше со убедливи 0:4 над Ференцварош и обезбеди место во плејоф рундата за пласман во Лигата на шампионите.

Хрватскиот првак одигра само 1:1 на домашен терен, но го поправи впечатокот на реваншот.

Адеми капитенски го отвори мечот постигнувајќи го толку важниот прв гостински гол за водство на Динамо, а во продолжение испорача и една асистенција, овозможувајќи му на Шпанцот Олмо да реализира. Адеми беше еден од најзаслужните за големата победа иако играше само до 69. минута, затоа што во тие моменти неговиот тим веќе имаше три гола предност.

Последна пречка за Динамо за пласман во групната фаза на ЛШ ќе биде норвешки Розенборг.

Треба да знаете
Последни објави