Search

Автомобил удри во жена во Скопје

Педесетиседумгодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил автомобил „Форд фокус“, на улицата „Индира Ганди“ во Скопје. Возилото го управувал 23-годишниот Е.Ш. од Скопје.

С.Д. се здобила со тешки телесни повреди и со истото возило била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави