Search

Автобус со руски туристи се преврти во Италија, загина едно лице

Едно лице загина, а неколку беа повредени денес при превртувањето на автобусот на патот во близина на Сиена, во централните делови на Италија, објави „Анса“.

Според италијанската агенција, се претпоставува дека автобусот превезувал руски туристи.

Автобусот се преврте на десна страна и некои од патниците сѐ уште се заглавени во возилото.

Пожарникарите и полицијата се наоѓаат на теренот.

Треба да знаете
Последни објави