Search

Австрија ќе бара обесштетување од ЕУ ако се забрани скијањето

Австрија остро реагираше на предлогот од Рим да се забрани скијање за Божик, а официјална Виена објави дека ќе побара пари од ЕУ во случај на забрана.

Министерот за финансии Гернот Блимел и министерката за туризам Елизабет Кестингер истакнаа дека доколку ЕУ воведе ваква забрана, тие ќе бидат принудени да побараат обесштетување.

Претседателот на трговската комора на Австрија, Харалд Марер смета дека во Австрија нема никакви пречки за скијање.

„Јас не ја поддржувам иницијативата на Италија. Зимските одмори во Австрија ќе бидат безбедни. Нашите туристички работници веќе применија сеопфатен безбедносен концепт за скијачки одмори“, објасни Кестингер.

Таа истакна дека туризмот и угостителството не се одговорни за високата стапка на инфекција.

„Ако ЕУ размислува за вакви ограничувања, тогаш ќе мора да се погрижи да им ја надомести штетата на погодените“, рече Кестингер, потсетувајќи дека околу 700.000 работни места во Австрија се поврзани со туризмот и забавната индустрија.

Министерот Блимел вели дека затворањето на ски-центрите значи тошок до две милијарди евра.

„Ако ЕУ навистина размислува за затворање, тогаш мора да плати за тоа“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави