Search

АВМУ размислува да ја одземе дозволата на 1ТВ

Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски за РСЕ вели дека побарале помош од МВР за обезбедување на документи од 1 ТВ затоа што размислуваат за одземање на дозволата на 1ТВ поради пропусти во емитувањето на програма, но не можат сами да ги земат поради заклучените врати на телевизијата.

-Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги не е информирана за најавите за нов сопственик за телевизијата 1ТВ и од Агенцијата се уште никој не побарал одобрение за промена на сопственичката структура на телевизијата што значи дека како сопственици во Централниот регистар се Јасна Мандиќ и Миле Јовановски, вели за Радио Слободна Европа директорот на агенцијата Зоран Трајчевски.

Тој вели дека Агенцијата размислува да и ја одземе дозволата на 1тв поради пропусти со емитувањето на програмата, но за тоа им се потребни конкретни материјални докази.

Треба да знаете
Последни објави