Skip to main content
Македонија

Јавното обвинителство даде насоки на финансиската полиција да ја испита набавката на гориво за ЈСП

21/11/2024  13:21

Државното Јавно обвинителство даде насоки на Управата за јавна финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на Јавното сообраќајно прептријатие – Скопје.

Во 14 часот Владата има закажано вонредна седница за проблемот со превозот, а во 18 часот е закажан вонредна седница на Советот на Град Скопје.

Од Град Скопје одговорноста во врска со кризата што настана Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, ја префрлаат на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите, додека од Бирото за јавни набавки информираат дека ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна.