Skip to main content
Македонија

Филиповска: Најтешко ми беше како да му соопштам на синот дека имам канцер

27/10/2024  23:21

Во своето гостување на подкастот „Зрак“ водителката Лила Филиповска за првпат јавно го сподели своето животно искуство во борбата против карциномот на дојката.

Таа кажа дека најтешко и било да му каже на неговиот син од што боледува, но набрзо потоа го смирила и му кажала дека ќе се бори и дека ќе го победи канцерот.

„Најтешко ми беше како ќе му соопштам на синот, затоа што тој е веќе возрасен, друго ќе беше да е помал, мајка ми е возрасна и тогаш нејзе не и кажав. Најблиските знаеја дека чекам резултати, а син ми беше до мене и јас му кажав: Канцер е, ама ќе го средиме, немој да се секираш. Тоа е мојот начин на функционирање во животот. Нормално, покрај син ми тука се неколкуте блиски другари на кои им кажав. Фактички, јас нив ги тешев“ вели Филиповска. 

Таа даде совет до сите оние кои имаат некој близок заболен од канцер на дојка, да не ги трауматизират заболените, да не го гледаат како да е крајот на светот туку да бидат нивна поддршка во борбата со подмолната болест.