Блокираната сметка на претпријатието, предизвикана од долг кон добавувачот на нафта, го загрозува нормалното функционирање на јавниот превоз во градот.
Информација за блокираната сметка ја потврди директорот на јавното претпријатије Драги Кушевски пред почетокот на вонредната седница на Град Скопје на која советниците расправаат за предлогот за зголемување на цената за изминат километар за приватните автобуски превозници.
Директорот посочи дека не ја знае точно сумата која ја должи ЈСП кон добавувачот