Skip to main content
Хроника

Приведени двајца возачи – вршеле превоз на ученици без лиценца

18/10/2024  16:15

Вчера во период од 05.00 -08.00 часот полициски службеници од СВР Тетово, преземале мерки во врска вршење на јавен превоз без поседување на лиценца, казниво по член 284 -а од КЗ на РСМ, при што во 07.00 часот на регионален пат Тетово- Попова Шапка, кај с. Расадиште било запрено патничко возило ,,фолксваген“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Н.О.(42) од с. Шипковица, и патничко возило ,,цитроен“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Д.Ш.(33) од с. Шипковица, поради вршење јавен превоз на ученици без да поседуваат лиценца за вршење на јавен превоз.