Skip to main content
Хроника

Полициска акција во Скопје запленето оружје и муниција, приведени две лица

18/10/2024  23:16


На 17 октомври 2024 година, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претреси на две локации во Скопје, при што открија значителна количина на оружје и муниција.

При претрес во домот на А.М. во Скопје, полицијата пронајде пет куршуми. На втората локација, во домот на Г.М. во Скопје, беа пронајдени 409 куршуми, една автоматска пушка со две рамки, еден револвер, три пиштоли и една ловна пушка.

По завршувањето на претресите, двете лица беа лишени од слобода. СВР Скопје – Единицата за недозволена трговија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО). Судот на двајцата осомничени им одреди по 30 дена притвор.