Skip to main content
Магазин

Панчо од ДНК за Зоки Фаци – Македонија го изгуби КРАЛОТ на таблоидното новинарство

01/11/2024  16:05

Панчо од ДНК на својот профил на Инстаграм се огласи со многу емотивна објава по повод смртта на новинарот Зоран Василевски – Фаци кој за жал по долгата и тешка борба со ракот утрово почина.

Дојде денот кога нема да имаш повеќе болка. Жалам што си замина прерано и што Македонија дефинитивно го изгуби КРАЛОТ на таблоиднотото новинарство.

Беше чиста и искрена душа, добар човек пред се. Беше едно големо дете полн со љубов и енергија. Оние кои лично не те познаваа нема да го споделат истото мислење со мене но тоа е најмалку битно.

Твојата посветеност кон професијата знаеше да ти донесе и многу непријатели, но убеден сум дека многумина од тие со кои не си простивте пред да заминеш им е криво, но знам и дека ти веќе си им простил…во тоа беше и твојата големина и разлика од останатите.

Сакале ние или не, твоето име нема кој не го знаеше…И старо и младо, а такво нешто треба да се заслужи со долгогодишна работа и труд.

Дефинитивно ќе фалиш како новинар, другар, пријател и пред се како човек, бидејќи се помалку ги има…

Ќе те паметам по многу смеа, луди идеи и по тоа што на почетоците на нашата кариера секогаш си бил тука за ДНК кога најмногу ни било потребно. Јас те викав Золе, ти мене Панчито и така беше до самиот крај.

Сега одмарај таму горе каде што нема повеќе ништо да те боли, а ние нема да те жалиме ќе славиме ќе пееме и ќе те спомнуваме во секое пеење на “Стојам Сам” бидејќи кога излезе песната ми се јави и ми кажа дека тоа е твоја песна – афтобиографска.

Сочувство до семејството и фамилијата.

Со почит,

Панчо💔