Skip to main content
Фудбал

Од почетокот на сезоната блеска во Србија и порачува: Сакам да заиграм за Македонија!

18/10/2024  14:20

Фудбалерот со македонско потекло кој долги години живееше во Австрија, а сега настапува во српското првенство за Спартак Суботица не крие дека сака да го облече дресот на Македонија.

Андреј Тодороски од почетокот на сезоната постигна два гола и подели три асистенции на десет натпревари и се истакна како еден од најдобрите во својот тим.

Во интервју за „Спортски Журнал“ тој истакна дека во иднина би сакал да настапува за македонската репрезентација, меѓутоа мора да почека и да се среди документацијата. Во овој момент тој поседува само австриски пасош.

„Разговаравме, секако дека би сакал да играм за Македонија, но треба да се среди документацијата и патиштата да ни се поклопат, односно тие да сметаат дека сум играч кој може да помогне на националниот тим“, изјави Тодороски.

Тодороски е роден во Прилеп, но со своето семејство рано се преселил во Австрија каде што продолжил да живее.