Search

Меморандум за соработка на МИОА и ЕПИ за реформите во јавната администрација

Министерството за информатичко општество и администрација и Институтот за европска политика ЕПИ со Меморандум ја продолжија соработката во делот на реформата  во јавната администрација и реализацијата на проектот WeBER. Станува збор за проект за креирање овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавната администрација од страна на граѓанското општество. Меморандумот за соработка го потпишаа денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска. Според МИОА, првите наоди од овој проект, покажуваат  дека во однос на проактивната транспарентност на институциите, забележан е напредок во нашата држава и поздравени се напорите на Владата за зајакнување на транспарентноста и отчетноста.

Дополнително, во однос на областа креирање политики и достапни информации за работата на институциите, од земјите во регионот најголем напредок се забележува во Северна Македонија од сите земји од Западен Балкан,по промената на власта. Во претходниот циклус Северна Македонија бележеше скор од 0 бодови, сега тој изнесува 2, стои во соопштението од МИОА.

Треба да знаете
Последни објави