Skip to main content
Македонија

Калајџиев: Комисијата за помилување дава само мислење, Претседателката го дава последниот збор

23/10/2024  15:05

Претседателката Давкова вчера помилува 10 затвореници меѓу кои и лица кои се поврзуваат со нарко подземјето, за кои како што вели таа не ги знае кои се, со име и презиме,туку и верувала на Комисијата за помилување составена од врвни експерти во таа област.

24Инфо разговараше и со професорот Гордан Калајџиев кој воедно е и член на Комисијата, па тој исто така ни потврди дека кога биле разгледувани осудениците за помилување морале да одлучат за 10 од околу 30тина лица кои им биле доставени од Министерството за правда, но не знаеле за кои лица се работи и биле разгледувани само нивните дела, однесувањето во затвор и должината на затворската казна.

Сепак Калајџиев истакна дека тие се само советодавно тело и даваат свое мислење, претседателката е таа која одлучува и има право да ја промени нивната одлука или времетраењето за кое се скратува од казната. Тој се сомнева дека воопшто му била дадена информцијата дека се работи за лица кои се поврзуваат со нарко подземјето.

Вчера претседателката донесе одлука за помилување на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче, Акиф Рваманоски, член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“