Skip to main content
Македонија

Зошто Ердоган ја избегнува Македонија? Турскиот претседател двапати на Балканот, но не и во Скопје

29/10/2024  23:21

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, иако во последните две години го посети Балканот двапати – во септември 2022 и во октомври 2024 година – ја заобиколи Македонија, каде не е дојден уште од септември 2011 година. Денес, кога Република Турција слави 101 година од своето основање, македонската политичка елита беше присутна на приемот организиран во резиденцијата на амбасадорот на Република Турција во Скопје. И покрај важноста на овој дипломатски настан, останува прашањето: зошто Ердоган ја избегнува Македонија?

Присуството на целосниот врв на македонската политика на вечерниот прием покажува дека односите меѓу двете земји се формално добри, но отсуството на Ердоган во последните години отвора простор за шпекулации. Некои аналитичари укажуваат на можни дипломатски или политички тензии, додека други веруваат дека Турција се фокусира на земји со поголем стратешки или економски интерес.