Search

ДИК: Во првиот круг Арсовска освои 7.805 гласа повеќе од Шилегов

Според податоците што вечерва ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, скопјани во вториот круг за челник на градот ќе избираат меѓу независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и кандидатот на СДСМ и досегашен градоначалник, Петре Шилегов.

„За градоначалник на град Скопје, под број 12 коалицијата ‘Најдоброто за мојата општина’, предводена од СДСМ, има 77.852 гласа и оди во втор круг со Петре Шилегов. Данела Арсовска во вториот круг оди со 85.657 гласа“, соопшти Даштевски.

Врз основа на бројките што ги изнесе претседателот на ДИК, разликата меѓу двата кандидата по првиот круг е 7.805 гласа.

Треба да знаете
Последни објави