Skip to main content
Скопје

Глаетановски: Вработените се во карантин, посетителите веднаш евакуирани од ЗОО Скопје

19/10/2024  13:41

Во разговор за 24Инфо поранешниот директор и единствен кандидат за нов директор на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски потврди дека е затворен зоолошката градина поради постоење на вирус.

Како што вели фој се уште официјално не е потврдено за каков тип на вирус или бактерија се работи. Иако сомневањата се дека се работи за птичји грип, тој се надева дека резултстите ќе бидат попозитивни бидејќи некои видови на вирусот се смртоносни.

Тој ни потврди дека инспектори на АХВ се веќе на терен, посетителите биле веднаш евакуирани, а вработените се во карантин.

Вели овој вирус се пренесува преку птици и не знае како точно тој се нашол помеѓу оние во зоолошката градина.