Search

„Волците“ и „Тигрите“ на заедничка вежба на Криволак

Припадници на АРМ од составот на полкот за специјални операции ( баталјонот за специјални намени и ренџерскиот баталјон) , Здружената оперативна команда (единици од воздухопловната бригада, од баталјонот воена полиција и првата механизирана пешадиска бригада), заедно со припадници на МВР од Единицата за брзо распоредување, Единицата за специјални задачи и Хеликоптерската единица, со поддршка од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување на армискиот полигон Криволак ја изведуваат вежбата „Есенска Бура“ со цел унапредување на меѓусебната интероперабилност и кризниот менаџмент како одговор на модерните закани.

Воедно со вежбата се врши тестирање на борбената готовност на единиците, подготвеноста за експедициски мисии и кризен менаџмент. Ова е прва ваква вежба во која учествуваат заеднички овие единици на АРМ, МВР и институции од кризниот менаџмент.

Вежбата која започна на 08.11.208 ќе трае до 13.11.2018 година, а приказ од изведените активности ќе биде организиран на денот за високи гости кој ќе се реализира на 22.11.2018 година.

Треба да знаете
Последни објави