Skip to main content
Свет

Американците потрошиле околу 11 милијарди долари во онлајн купувања за „Црниот петок“

30/11/2024  20:37

– Американците вчера, на „Црн петок“,  потрошија околу 11 милијарди долари во онлајн набавки, што е за 10,2 отсто повеќе од минатата година, покажуваат податоците на Adobe Analytics.

Компанијата наведува дека на „Црн петок“ Американците направиле најмногу онлајн купувања на шминка, производи за нега на кожа и коса, како и блутут звучници и машини за еспресо.

Продажбата на играчки преку Интернет е зголемена за 622 отсто во однос на просечната дневна продажба во октомври, додека продажбата на накит е зголемена за 561 отсто, а на домашните апарати за 476 отсто во однос на октомври, се наведува во соопштението, пренесе телевизијата Еј-Би-Си.

Во 2023 година американските купувачи потрошија 9,8 милијарди долари на онлајн шопинг за таканаречениот „Црн петок“, што беше за 700 милиони долари повеќе од 9,1 милијарди долари една година порано.