December 10, 2018 23:23
Музика

И ги посвети сите песни кои ги напиша: Ова е жената која Бајага ја сака 36 години

И ги посвети сите песни кои ги напиша: Ова е жената која Бајага ја сака 36 години

Момчило Бајагиќ Бајага е еден од ретките српски музичари кој својот приватен живот Успева да го задржи далеку од очите на јавноста. Сопругата на Бајага не се експонира во медиумите, а ретки се и приликите на кои се појавува со сопругот. Можеби и тоа е еден од начините со кои својата љубов ја зачувале 36 години.
 
Момчило и Емилија се во брак од 1989 г., а пред тоа 7 години живееле заедно. Она што е многу интересно е начинот на кој тие двајца се запознале – тоа се случило во автобус.
 
– Ема живееше во Земун, а се запознавме во автобус. Во автобусот првпат ја прашав дали сака да излезе со мене во недела, а таа ми рече дека во недела не излегува. Мене тоа ми беше како ладен туш, бидејќи не ми звучеше логично… Тогаш јас не поставив дополнително прашање, се чувствував утепано. Дури по неколку месеци почнавме да излегуваме, истакнува Бајага во интервју за Новости.
 
Како што признава тој, сите песни и ги посветил на Ема на која воопшто не и бил лесен товар неговата слава.
 
 
– Врската како врска никогаш немаше искушенија, но на Ема не и беше лесно. Кога си јавна личност, секакви работи се појавуваат во медиумите за тебе. Ема навистина добро ги поднесе , посебни првите години од кога почнавме да се забавуваме, кои беа најлуди години. Ние не можевме да одиме на летување некаде каде што одат сите. Каде и да одевме сите зјапаа во нас. Тоа веројатно им беше интересно. Јас не сум од тие типови кои главна фора им беше да зборуваат дека немаат девојка, јас тоа не го сакав. Тоа е најглупаво да го кажуваш, за да трчаат девојки по тебе. Луѓето треба да те сакаат поради музиката. Да не правев добри песни, немаше да ме сакаат, искрено раскажува Бајага.

 

Related posts

Слушате една иста песна по сто пати на ден – чекајте да слушнете што му прави тоа на мозокот

24news

Германски психолог: „Моцарт ефектот е само урбан мит“

24news

Еминем сними дует со Бијонсе

24news