November 18, 2018 19:56
Ракомет

Ракометарите ја заслужија првата премија од 30.000 евра

Ракометарите ја заслужија првата премија од 30.000 евра

Македонските ракометари кои без пораз ја минаа првата фаза од Европскиот шампионат во Хрватска, повеќе од сигурно дека ја заслужија и првата ветена премија од страна на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Пласманот во втората фаза на првенството значи и награда од 30.000 евра која ја вети РФМ, по одлуката на Управниот одбор донесена пред патувањето за Хрватска.

По прикажаното во првите три меча, но и позицијата број 1 од која ќе го почнат вториот дел од шампионатот, реално ветува и висок пласман, па така доколку на крајот црвено-жолтите завршат меѓу шесте најдобро пласирани, ќе поделат уште дополнителни 30.000 евра.

Целата македонска јавност се надева дека РФМ ќе ја исплати и премијата од 100.000 евра, која им беше ветена како награда за евентуален пласман во полуфиналето.

Едно е сигурно дека четата на Раул Гонзалез во моментов најмалку размислува за финансиската награда, истакнувајќи дека најголемата награда е поддршката која ја добиваат, не само од присутните македонски навивачи во Загреб и оние кои ќе ги бодрат во Вараждин, туку и од поддршката која ја имаат од целокупниот македонски народ, кој деновиве живее и се радува на ракометните успеси.

Втората фаза од првенството Македонија ќе ја почне во недела, со дуелот против Шпанија 

 

Related posts

Дисингер „раскина“ со Кил, Вардар го чека со „отворени раце“?

24info

ЕП-Хрватска 2018: Македонија – Германија вечерва во 18:15 часот

24news

ЕП Хрватска: Сепак сме браќа, Србин и Хрват во прегратка

24news