Skip to main content
Спорт

Јокиќ броеше до 40 Денвер победи во Торонто, прв пораз на Лејкерси, Банкеро до рекорд на кариерата

29/10/2024  10:43

Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Торонто Репторс со 127:125 по продолжение и ја забележаа првата победа во сезоната 2024/25.

Мареј постигна 17 поени шутирајќи 6/20 од поле, со девет скока и седум асистенции, Кристијан Браун. како член на првата петорка уфрли 17 поени, еден помалку постигна Арон Гордон, со 11 скока и осум асистенции, додека Мајкл Портер го заврши натпреварот со 13 поени за 39 минути на паркетот.

Феникс Санс успеа да му го нанесе првиот пораз на Лос Анџелес Лејкерс, 109:105.

Санс до победата ги предводеа Девин Букер со 33 поени, три скока и две асистенции, како и Кевин Дурент со 30 поени, осум скока и четири асистенции.

Натпреварот го одбележа лошата игра на Леброн Џејмс, кој постигна 11 поени со 3/14 шут од поле, пет скока и осум асистенции.

Најдобар учинок имаше Ентони Дејвис, кој забележа дабл-дабл со 29 поени и 15 скока, а го следеа Остин Ривс со 23 поени, осум скока и три асистенции, како и Руи Хачимура со 20 поени и 10 скока.

Херој на вечерта е Паоло Банкеро, кој постигна рекордни во кариерата 50 поени за во победата против Индијана 119:115.

Поранешниот прв пик на драфтот ја заокружи неверојатната вечер со 13 скока и 9 асистенции. Инаку, Банкеро го израмни рекордот на франшизата со 37 поени во првото полувреме.

Далас Маверикс ја победи Јута Џез со 110:102. Лука Дончиќ не блескаше имаше 15 поени со девет скока и осум асистенции, шутираше 5 од 22 од поле, погоди само една тројка од девет обиди.

Најдобар беше Кајри Ирвинг, кој постигна 23 поени со шест скока и девет асистенции, а го следеше Клеј Томпсон со 18 поени, четири скока и две асистенции.

Резултати:

Орландо – Индијана 119:115
Атланта – Вашингтон 119:121
Бостон – Милвоки 119:108
Мајами – Детроит 106:98
Њујорк – Кливленд 104:110
Торонто – Денвер 125:127 пр.
Мемфис – Чикаго 123:126
Сан Антонио – Хјустон 101:106
Далас – Јута 110:102
Феникс – ЛА Лејкерс 109:105
Сакраменто – Портланд 111:98