Search

„Шрапнел” – роман на Игор Анѓелков во издание на Или-Или

Издавачката куќа Или-Или го објави романот „Шрапнел” од Игор Анѓелков, негов трет роман во кој низ неколку наративни линии ги преиспитува суптилните релации меѓу историјата, личното сеќавање, односот со најблиските и општествените околности кои влијаат врз емотивното и приватното.  Романот е 181 издание во популарната едиција „ПРОаЗА” на Или-Или.

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал Медиуми и комуникации на Правниот факултет при Универзитетот  на УКИМ. Повеќе години е активен во периодиката со критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста.

Првото книжевно дело го објави во 2006 година – збирката раскази „Кротки приказни”, потоа и романите „Крај-пат” (2010) и „Фото синтеза” (2013), кој беше финалист за „Рациновото признание”. Анѓелков има и две дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд” (2015), за која ја доби наградата „Мито Хаџивасилев Јасмин” и „Филмски град” (2018).

Треба да знаете
Последни објави