Search

Хрватот му одбрани два пенали на Марадона, уште ги чува 100 долари од кладбата со Аргентинецот

Томислав Ивковиќ, славниот хрватски голман, има посебни спомени од Диего Марадона. Тој во својата кариера му одбрани два пенали, еден во дресот на Спортинг во Купот на УЕФА против Наполи, вториот пат во дресот на поранешна Југославија во четвртфиналето на СП 1990 во Италија против Аргентина.

Нема достапен опис

-Тоа се случи на реваншот во Неапол. По првиот натпревар во Лисабон му реков: „Диего, ако стигнеме до решавачкиот пенал и во Неапол, јас ќе го одбранам, дали сакаш да се обложиш?“ Тој само се насмеа, како и сите други, а потоа рече: „Добро, важи, се обложуваме на 100 долари“. И на реваншот му го одбранив пеналот, но тоа не беше одлучувачки, нашите промашија, па бевме елиминирани. По натпреварот, Марадона го плати облогот. Ми даде 100 долари и дреот. Сè уште го чувам доларите како најубаво сеќавање. За жал, веќе го немам дресот, немам претстава каде исчезна. Една година подоцна му го одбранив пеналот на Светското првенство против Аргентина. Ништо тогаш не ми кажа. Жал ми е што Диего замина толку рано. Тој беше навистина посебен човек и фудбалер, рече Ивковиќ.

Треба да знаете
Последни објави