Search

Хауард: Зошто да носам маска кога нема луѓе околу мене?

Двајт Хауард си создаде непотребни проблеми за време на својот престој на кампусот во Дизни Светот. За центарот на Л.А. Лејкерс е добиена поплака затоа што тој го прекршил правилото за задолжително носење маска на територијата на комплексот.

Како и да е, на 211 сантиметри високиот кошаркар не му се допадна предупредувањето од стражарите и рече дека нема смисла да носи маска ако нема никој околу него.

– Некој ме предал. Околу мене нема ниту една личност. Дали треба да носам маска?, праша Хауард во видео во живо на Инстаграм.

Можно е осумкратниот учесник во „Натпреварот на ѕвездите” да се издал сам, бидејќи тоа се случило преку засегнатите видеа во живо, кои често ги снима на својот профил. Тие покажуваат дека Хауард никогаш не користи маска за лице.
Токму поради ваквите видеа, НБА лигата даде забелешка до неговиот соиграч Џеј Ар Смит, кој ја премина линијата со неговите постојани поплаки откако пристигна во хотелот.

Треба да знаете
Последни објави