Search

Феникс го продолжи договорот со Букер

Предводникот на Феникс санс, Девин Букер и официјално потпиша продолжување на договорот со клубот од Аризона.

– Феникс. Ви благодарам што ми дадовте можност да се развивам и растам. Ја почувствував љубовта на овој град од самиот почеток. Горд сум што го нарекувам ова место мој дом, изјави Букер по продолжување на соработката со НБА-лигашот.

Минатата сезона Букер имаше просек од 26,8 поени, 4,8 асистенции и 5,0 скока. Тој е во тимот од 2015 година.

Според инсајдерски информации, играчот ќе заработи 224 милиони долари за четири години.

Треба да знаете
Последни објави