Search

Уапсен потпалувач на автомобил во Струмица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Ј.(26) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 05.11.2019 на ул.„Панче Пешев“ во Струмица пријавениот, со употреба на запалка и хартија, предизвикал пожар во патничко возило „рено лагуна“, сопственост на Б.С., кое било паркирано пред домот на сопственикот.

Истиот ден К.Ј. бил лишен од слобода и приведен во ПС Струмица.

Треба да знаете
Последни објави