Search

Три скопјанчиња од африканско потекло нападнати во центарот на Скопје 

Три скопјанчиња од африканско потекло вчера биле вербално и физички нападнати во центарот на Скопје. Нападот се случил околу 18 часот додека од 13-годишното дете и неговите братче и сестричка на возраст од 9 години биле вербално нападнати со погрдни зборови од две 20-годишни момчиња. Потоа напаѓачите со тупаница го удриле по глава 13-годишното дете и го повредиле. Мајката на дечињата објави статус на нејзиниот Фејсбук профил и е згрозена и вознемирена од постапката на насилниците. Според неа, и претходно децата и она трпеле навреди од расистички причини.

Од МВР велат дека случајот е пријавен во полиција.

„Вчера во 21.40 часот во ПС Центар М.А.М. (38) пријавила дека дента во 18.20 часот на плоштадот Македонија во Скопје нејзиниот 13-годишниот син со своите 9-години брат и сестра биле нападнати од две непознати лица. Полицијата го расчистува случајот и ги бара насилниците“, велат од МВР.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10219032078541963&set=a.10202999644501132&type=3&permPage=1

 

Треба да знаете
Последни објави