Search

Трамп го обвини модераторот Валас за пристрасност кон Бајден на првата дебата

Американскиот претседател Доналд Трамп во својот прв твит по првата претседателска дебата што се одржа вчера вечер го обвини модераторот Крис Валас дека застанал на страната на неговиот противник од Демократската партија, Џо Бајден, пренесува „Њујорк пост“.

Твитот без зборови прикажува фотографија на Трамп од левата страна, наспротив Валас и Бајден заедно од десно, со кратенката „VS“ во фонт од серијата „Уличен борец“.

Во текот на целата хаотична прва дебата на универзитетот „Кејс Вестерн Ризерв“ во Кливленд, водителот на „Фокс њуз“, Валас постојано ги прекоруваше двајцата кандидати – особено Трамп – дека го прекинуваат и за меѓусебно прекинување.

„Вие дебатирате со него [Бајден], а не со мене”, во еден момент Валас му свика на Трамп, кој го виде тоа на друг начин.

„Очигледно е дека дебатирам со тебе, не со него“, одговори Трамп. „Но, тоа е во ред, не сум изненаден“.

Резултатот беше натпревар во прекинување кој често излегуваше од контрола и лични напади на штета на суштинските точки од политиката.

Треба да знаете
Последни објави