Search

Спасовски: Димитриевски има право на свое мислење за Бучковски, за тоа ќе се разговара во партија

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска рече дека неговиот сопартиец и сограѓанин Максим Димитриевски има право на свое мислење, откако кумановскиот градоначалник го искоментира поставувањето на поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник во надминувањето на спорот со Бугарија како велепредавство, oбјави Фактор.

– Тоа се партиски активности. Јас овде сум како министер. Не би сакал сега да коментирам ничии изјави. Секој има право на свој став, свое мислење. Тоа ќе судат граѓаните кој на каков начин размислува. Како што јас искажувам свој став по многу прашања, така има секој право тоа да го прави. Не би сакал партиски да го злоупотребувам медиумот и посетата за да разговараме за овие теми. Има место, за тоа ќе се разговара во партија, рече Спасовски од Штип.

Димитриевски вчера напиша дека не се согласува со теоријата дека македонскиот народ не постоел пред 1944, како и дека во историјата на Македонија ваквите тези ги користеле изолирани поединци претставени од врховистичката пропаганда предводена од Ванчо Михајлов.

„Како долгогодишен и активен социјалдемократ јавно се оградувам од ваквите изјави кои ги сметам за лични и погрешни и во ниту еден момент не можат да добијат суштинска поддршка од мене а верувам ниту од членството а најмалку од јавноста“, посочи Димитриевски.

Треба да знаете
Последни објави