Skip to main content
Македонија

СОЗР: Службените автомобили со нови таблички во боја за да се спречат злоупотреби

20/11/2024  14:30

Службените возила во Македонија ќе добијат специјални регистарски таблички во боја за да се спречи нивната злоупотреба. Оваа мерка беше најавена од директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски.

Според него, ќе бидат издадени околу 6.500 такви таблички за сите возила на територијата на Македонија, а исто така ќе се воведат телефонски линии за пријавување злоупотреби, по што ќе се постапува.