Search

Снопче: За сите недостатоци за пописот за кои алармиравме се потврдија дека сме имале право

Интегрален текст од прес конференција на Халил Снопче од Алијанса за Албанците

„Според државниот завод за статистика на крај на 2002 година во Република Северна Македонија живееле 2.068.808 жители. Овој податок го имате на првата, насловна станица на Заводот за Стаистика на Република Северна Македонија. На 30 септемви Заводот за Статистика објави дека пописот е завршен и во земјата се попишани 1.832.696 граѓани. Во странство се попишани само 204.805 граѓани. Според оваа на пописот одржан во 2021 година во Република Северна Македонија живеат 1.832696 резидентни граѓани и 204.805 нерезидентни односно кои живеат во други држави во светот. Сега може да заклучиме дека вкупниот број на жители на нашата држава (резидентни и нерезидентни) изнесува 2.037.501. жители или споредбено со пописот од 2002 зголемувањето е само за 14.954 жители, или 31.307 помалку од тоа што кажуваше заводот за статистика на крајот на минатата година.

Со оглед дека со пописот беа опфатени и семејствата и становите, сега веќе се знае дека се попишани 568.175 домаќинства и 837.255 станови од што се констатира дека во државата имаме 269.080 повеќе станови од домаќинства. Тоа значи дека 41.09 % на семејствата на нашата земја поседуваат повеќе од еден стан. Ние би го замолиле Државниот Завод за Статистика во текот на обработката на податоците по можност да ни го презентира и бројот на становите во кои живеат по две (можеби и три семејствата) за да се има појасна слика за станбената политика во земјата, бидејќи според овие податоци може слободно да се каже дека нашата земја прекрасно го има решено станбеното прашање. На сите ние познато дека пописот наиде на тешкотии од разновиден карактер. Дали тој се спроведе целосно и професионално е прашање кое ќе треба да се анализира во наредниот период. Но од попишаното население во странство остануваат неразјаснети некои прашања.

Кога го велам ова ја имам во предвид изјавата на директорот на заводот Апостол Симовски дадена на 5 јули 2021 год. која гласи: „Податокот од германскиот статистички завод е дека до крајот на 2020 година во Германија имаме 128.000 македонски државјани кои престојуваат таму, со одобрение за престој. Тоа е огромна бројка. Не знаеме колкав е бројот на наши лица кои потекнуваат од Македонија, а имаат германско државјанство, бидејќи Германците не дозволуваат двојно државјанство, но исто така немаме податок колку наши државјани отишле таму со бугарски пасош, бидејќи ги сметаат како бугарски државјани.

Со оглед на фактот дека во Германија се попишани само 46590 граѓани јавноста би требало да се информира на што се должи нискиот процент на попишани во оваа земја но и во други земји како што е на пример Хрватска каде ни се појавуваа бројката од само 1682 попишани граѓани. Со подетална анализа се доаѓа и до други нелогичности кои ние не сакаме да ги толкуваме.

Затоа, потребно е Заводот преку соопштение да објасни одредени околности кои влијаеле во добивањето на овие податоци. Сакам да ве информирам дека со оглед на тоа што земјата се наоѓа во изборна капања, по завршување на истите нашата коалиција ќе обелоденува своја анализа за демографските движења во земјата изготвена од страна на нашиот аналитички центар. Во врска со нашите забелешки за целиот процес, евиденто е дека сите наши дилеми и критични поенти кои постојано ги алармиравме, на крај се потврдија дека сме имале право. 

Да одиме со ред:

 1. Јавно прашавме колку е сигурен софтверот и апликацијата. Ни одговорија дека софтверот е сигурен, но крајот покажа дека тој е крајно контаминиран, компромитиран и остава простор за сомнежи.

 2. Баравме да катастралните мапи бидат регулирани до ниво на број. Во текот на попишувањето бевме сведоци дека катастралните мапи во пописните кругови беа стари, дури и од периодот 2000-2005 и како последица попишувачите не можеа да ги најдат местата односно куќите бидејки во тие места беа никнати нови градежни објекти.

 3. Евидентен е бројот на непопишани жители како и домакинствата и становите. Значи, останати се непопишани лица, станови и домакинства што се гледа и од жалбите од страна на илјадници граѓани.  Ова е во спротивност со изјавите на директорот дека ова е во границите на статистичката грешка.

 4. Малиот број на попишувачиНикогаш не се исполни бројот од 5000 попишувачи. Такви случаи имавме во Кичево, Студеничани, Тетово, идр.

 5. Не се донесе одлука за да се овозможат дополнителни денови за попишување на тие што не се попишале без оглед што имавме изјава од страна на директорот дека би било добро да имаме дополнителни денови.

 6. Поради техничките проблеми со апликацијата, целокупнуот процес со пописот се одвиваше поспоро од планираното. Имаме информации дека на самите попишувачи се давале наредби да не попишуваат повеке од 6 домакинства за да не падне системот.

7. Бевме сведоци на чести прекини на процесот особено во првата недела заради блокада на софтверот.

 8. Поради хакерски напади, беше попречуван и оспоруван онлине попишувањето на дијаспората.

Треба да знаете
Последни објави