Search

Скандалозно барање од ЕУ до Вучиќ

Српските медиуми утрово пишуваат дека Брисел му упатил на српскиот претседател, Александар Вучиќ, по пат на дипломатски канали непристојна понуда, односно уцена – продолжување на дијалогот со Приштина, во замена за нови поглавја за членството на Србија во ЕУ. Белград категорично го отфрлил предлогот.

Скандалозно барање, проследено преку дипломатски канали, во кое за возврат на Србија и се нуди ЕУ да отвори три преговарачки поглавја“, наведува извор за „Телеграф“.

„Новости“ пишуваат дека Белград нема да ги прифати уцените, макар цената да биде замрзнување на процесот за евроинтеграциите на подолго време.

Министерката задолжена за ЕУ, Јадранка Јокимовиќ за „Новости“ вели дека Србија во однос на спроведените активности во областа на владеењето на правото, во поглавјата 23 и 24 реално заслужила отворање на најмалку три нови поглавја, од вкупно седум кои во целост ги подготвила.

Треба да знаете
Последни објави