Search

СДСМ: Истрагата за долгот од 400.000 евра треба да објасни за линковите помеѓу ВМРО ДПМНЕ и бизнис интереси

Соопштение за јавноста од СДСМ како одговори на новинарски прашања.

П: Вчера во јавноста произлегоа некои нови снимки, каде се претпоставува дека е сведок од аферата „рекет”. Како гледате на овие снимки?
-Да имав прилика да ги слушнам, иако избегнуваат такви разговори да слушам, но имам обврска тоа да го правам. И за прв пат видовме разговор каде што се зборува за насилство и кон семејства, не сакаме да прејудицираме. Ние, особено претседателот на нашата партија измина низ период кои заканите беа секојдневна работа и не сакаме тоа време да се врати и очекуваме институциите што се задолжени, за безбедност, анализи и истраги тоа да го направат, а не да претпоставувам или прејудицираме ние од страна. Меѓутоа ако се прашува СДСМ ние сметаме дека времето на насилство е зад нас, направивме се што треба да се направи и во поглед на НАТО, и внатрешна демократизација во нашето општество за никогаш да не се повтори, жалам што не сите го сфаќаат тој сигнал и таа порака.
Времето на насилство е зад нас, институциите да ги истражат снимките кои се појавија во медиумите
П: Дали овие снимки покажуваат чин на нервоза поради најавите за отворање на судски процес за незаконско финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори?

Јас не сакам да ги поврзувам работите без да имам аргументи, меѓутоа сеуште очекуваме одговор на многу едноставно прашање, како е возможно една партија која учествувала на претседателски избори, да ги заврши изборите да остане должна 300 или 400 илјади евра и никој да не реагира, ниту фирмите каде должи, ниту самите тие, и да сметаат дека тоа е во ред. Дефинитивно таа истрага ќе ни објасни повеќе за линковите помеѓу одредени бизнис интереси и политичката партија која сеуште е раководена од Будимпешта.

Линк до видео: https://youtu.be/fnetwsKb2iI

Треба да знаете
Последни објави