Search

Салвини на чело на антивладините протести во Рим

Ултрадесичарскиот италијански политичар Матео Салвини ги предводи масовните антивладини протести во Рим.

Протестот под мотото „Италијанска гордост” се одржува на плоштадот Сан Џовани, кој претходно се поврзуваше со собирите на италијанската левица.

Претседателот на антиимигрантската десно ориентирана партија Лига, Салвини во август го изгуби местото потпретседател на Владата и министер за внатрешни работи откако ја поништи коалицијата со Движењето пет ѕвезди (М5С).

М5С формира нова владина коалиција со поранешниот жесток непријател Демократската партија (ПД), со цел да се спречат предвремени избори, на кои најверојатно би победил Салвини.

Треба да знаете
Последни објави