Search

Реџепи: Од вечерва не сме повеќе на иста страна со оваа Влада

„За жал, од вечерва не сме повеќе на иста страна со оваа Влада“, изјави поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи по вечерашниот упад на полицијата во ИВЗ, и по изјавата на Бузаку дека тој од утре ќе биде поглавар на ИВЗ согласно одлуките од Судот.
Се уште актуелниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи, во изјава вечерва рече дека тој и Заедницата ќе се вклучат во анти-пропаганда на овие избори.

-Не може извршната власт или кој било друг да решава за избор на првите луѓе на Реисатот. Бузаку е отпадник од ИВЗ , па дури и од Исламот , се колнам во Алах, ако е тој муслиман тогаш и кучињата се муслимани рече поглаварот на ИВЗ по вонредната седница на Реисатот на Исламската верска заедница во Кондово.

Во врска со одлуката на Основниот суд 2 за негова смена, Реџепи рече дека избор на нов реис се спроведува со избори во реисатот, а се друго може да доведе до анархија.

-На другите верски заедници им е овозможено мирно да работат , а зошто властите  не и дава спокојство на ИВЗ. Одлуката на судот е авантура за судството. Бузаку никогаш нема да биде реис. Тој кога ќе биде реис ул улема , тогаш нема да постои Исламска верска заедница, заклучи Реџепи.

Според судското решение, како што изјави за медиумите Скендер Бузаку од утре ќе биде новиот поглавар на Исламската верска заедница. Додека Мухамед Вејсели од ИВЗ, истакна дека Сулејман Реџепи и натаму ќе  раководи со ИВЗ се додека ја има довербата од Ријасетот.

Треба да знаете
Последни објави