Search

Пронајдено детето од Куманово кое беше пријавено за исчезнато

Единаесетгодишното момче од Куманово е пронајдено откако во понеделникот беше пријавено дека се оддалечило од дома, соопштија денеска од МВР.
Момчето е пронајдено вчера во попладневните часови кај спортските терени во населбата „Гоце Делчев”.
– На 28.01.2020 околу 17 часот на спортските терени во населбата „Гоце Делчев” во Куманово бил пронајден малолетникот за кого на 27.01.2020 во 19:50 часот неговиот татко А.А.(40) од Куманово пријави дека се оддалечил од домот, информираат од МВР.
Таткото на детето вчера побара помош од граѓаните за пронаоѓање на детето.
Треба да знаете
Последни објави